Contemporary Art Center

ПОВИК

Центарот за современи уметности - Скопје

објавува:

ПОВИК

до сите ликовни уметници, ликовни критичари и куратори, да поднесат

идеи за настани кои ќебидатреализираниво

Мобилна монтажнагалерија

во текот на 2014 година

Во рамките на своите напори за создавање долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување, Центарот за современи уметности е во завршна фаза на изработка на Мобилната монтажна галерија - потполно нов физички простор кој има за цел овозможување и поддршка на уметничката продукција.  Мобилната монтажна галерија ќе служи како простор за  слободно изразување и делување на уметниците, креативните групи, активистите, цивилниот сектор и креативните граѓански идеи.

Повикот се однесува на самостојни ликовни проекти и еден мултимедијален  проект на уметници/куратори/уметнички групи кои ќе бидат целосно реализирани најдоцна до средината на  јуни 2014 год. во соработка со Центарот за современи уметности. Финансиската конструкција на настаните може да биде до 40,000.00 ден.

Оние настани коишто нема да бидат поддржани и доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, истите можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Галеријата во текот на 2014 година.

Настаните ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот.

Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на повиканите.

*Со оглед дека се работи за мобилна монтажна галерија точната локација ќе биде позната на почетокот на февруари 2014.

Дополнителни информации и пријави можат да се добијат на следната адреса:

Центар за современи уметности - Скопје, Македонија

Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје

тел/факс: 02 3 133 5 41

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Краенрокзапријавување: петок, 10 јануари 2014

Спроведувањето на проектот „Мобилна монтажна галерија“ на Центарот за современи уметности е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија