Contemporary Art Center

ПОВИК

Центарот за современи уметностиСкопје

објавува

 ПОВИК

до сите ликовни уметници, куратори, мултимедијални и изведувачки уметници

и уметнички групи кои работат во областа на современото творештво  да поднесат

идеи за изложби и проекти  кои ќе бидат реализирани во текот на

2015-та и првите 4 месеци од 2016-та година во Мобилна / Mонтажнагалерија

(лоцирана во Скопје – Парк на Франкофонијата, а која ќе биде поставена и во Битола и Кавадарци во текот на 2015 г.)

Во рамките на проектот „Мобилна култура - солидарни граѓани“ (кој го спроведува ЦСУ-Скопје заедно со партнерските организации: Факултет за работи што не се учат од Битола и Проект ЕУ од Кавадарци) се трудиме да создадеме долгорочно одржлив независен простор за уметничко и граѓанско делување и изразување и зголемување на бројноста и квалитетот на активната културна публика во Скопје, Кавадарци и Битола и нејзино вклучување во граѓански активистички иницијативи преку уметничка продукција, креативни настани и едукација.

Овој Повик се однесува на самостојни ликовни проекти, мултимедијални  проекти, проекти од областа на изведувачките уметности на уметници/куратори/уметнички групи, кои ќе бидат целосно реализирани најдоцна до април 2016 год. Во соработка со Центарот за современи уметности ќе биде овозможена реализација на вкупно 5 (пет) проекти - настани, 2 (два) самостојни и 3 (три) групни. 

 Предложените проектни идеи треба да задоволуваат најмалку 2 (два) од следниве критериуми:

  • Да бидат иновативни (во својот концепт и изведба) и да водат кон препознавање на Мобилната / Монтажна галерија како точка за активирање и вклучување на граѓаните во јавноста и активистичките иницијативи;
  • Да овозможат градење на соработка, заеднички настап и заеднички акции помеѓу уметниците, граѓаните и граѓанските  активисти;
  • Да се креира автентична култура на изразување и живеење, културни производи кои произлегуваат од локалниот контекст;
  • Да се стремат кон креирање уметнички и културни производи (дела) кои прозлегуваат од автентичниот локален контекст на македонското општество (или локално ниво), и да се насочени кон креативна презентација на проблемите на граѓаните;
  • Да воспоставуваат проактивен однос со публиката и долгорочно да водат кон заеднички настап и заеднички акции помеѓу уметниците и граѓанските  активисти;
  • Да создаваат стабилни врски на соработка помеѓу независната културна сцена и поширок круг на граѓани (потребни во креирање на критична јавна маса).

Настаните ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот за современи уметности.

Финансиската конструкција на поединечен проект може да биде во износ до 27,000.00 ден.

Доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, оние настани коишто нема да бидат финансиски поддржани можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Мобилната/Монтажна галерија.

Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на повиканите.

Центарот ги охрабрува уметниците од другите градови особено оние од Кавадарци и Битола како градови каде што директно се имплементира проектот да се пријават на конкурсот.

Крајни рокови за поднесување на проектни идеи:

- 20 април 2015 (за проекти кои ќе се реализираат до ноември 2015)

- 30 јуни 2015 (за проекти кои ќе се реализираат во периодот ноември 2015 – мај 2016.)

Формулар за пријави можат да се добие на следниот линк: Превземи формулар