Contemporary Art Center

Отворен повик

за наградата ДЕНЕС 2018 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години

 

Центарот за современи уметности - Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/ Скопје созадоволство го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2018 за млад визуелен уметник во Македонија до 35 години. Наградата ДЕНЕС се доделува на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која вклучува критичко и естетско размислување и импементација и е единствена награда на млад визуелен уметник во Македонија.

 

Оваа значајна и независна награда е организирана во соработка со Residency Unlimited од Њујорк, поддржана е од The Trust for Mutual Understanding од Њујорк и се доделува на секои две години во Македонија. Победникот ќе има можност да присуствува на двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited (http://residencyunlimited.org/) во периодот на септември и октомври 2018 година.

Бидејќи наградата се доделува во 2018 год., оваа година ќе се одржи специјална дискурзивно – едукативна програма насловена „Совршениот уметник“,која за прв пат се случува оваа година како дел од биеналната награда ДЕНЕС. Отворениот повик за учество во оваа програма се објавува на датумот кога се објавува и нагарадата ДЕНЕС. Она што е особено важно да се нагласи е дека учеството во оваа програма не ги квалификува уметниците директно во финалето за наградата ДЕНЕС 2018 но организаторите силно ги охрабруваат да земат дел од неа затоа што ќе значи дополнителна референца.

Наградата ДЕНЕС, која го носи името на истакнатата уметничка група ДЕНЕС, која постоела во периодот од 1953 – 1955 во Македонија, се доделува по четринаесети  пат во земјава.

Крајниот рок за аплицирање за оваа награда е01.11.2017, а резултатите ќе бидат објавени на 10.11.2017.

КРИТЕРИУМИ

 - Наградата е наменета за индивидуални уметници до 35 години. Резиденцијалната програма е дизајнирана само за еден индивидуален уметник од земјата во дадената година кога се доделува наградата.

- Кандидатите може да поседуваат академска диплома, да бидат активни уметници најмалку 3 години во Македонија и да имаат значаен обем на дела кои биле изложени во уметнички институции како што се галерии, уметнички центри или музеи.

 

- Уметници кои не се жители на Македонија мора да бидат препознаени за нивниот придонес во развојот на уметничката сцена и нивната уметничка кариера мора да има значајна релација со Македонија. Уметници кои се емигранти би требало да се членови на македонската уметничка заедница и редовно да изложуваат во Македонија.

- Уметниците кои аплицираат треба да го познаваат разговорниот англиски јазик за да можат активно да учествуваат во програмата и за да можат да се поврзат со уметници и уметнички професионалци во Њујорк.

- Ако некој уметник е спречен да присуствува на резиденцијата во наведениот период тогаш тој/таа треба да земе превид да аплицира на подоцнежен датум.

- Уметници кои работат во полето на современата визуелна уметност вклучувајќи сликарство, вајарство, графика, цртеж, инсталација, фотографија, видео, нови медиуми и перформанс се охрабрени да аплицираат. Повикот не е наменет за уметници кои работат исклучиво во областа на применетите уметности, дизајн, театар, танц и филм но сепак интердисциплинарниот пристап во современата виулена уметност е охрабруван. На овој повик уметниците можат да се пријават индивидуално или можат да бидат номинирани од уметнички професионалци кои се активни на полето на современата уметност.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ – ПОРТФОЛИО

Портфолиото на уметниците треба да содржи:

1. Име, презиме, адреса, телефон, е-маил на кандидатот;

2. Професионална биографија (на македонски и англиски јазик) - задолжително со година на раѓање!;

3. Визуелен и/или видео материјал презентирајќи до 10 уметнички дела дополнет со сите информации за делото во следниот редослед - наслов, година, техника, димензии, краток опис и каде било изложено. Видеата може да бидат презентирани и преку копирање на линк (во случај ако тие се ставени на YOUTUBE или VIMEO).

4. Кратка изјава за работата на уметникот на македонски и англиски јазик.

Сите документи уредно треба да бидат доставени во електронска форма на мејлот This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

ПРОЦЕС НА ИЗБИРАЊЕ

Интернационална жири комисија составена од 5 члена ќе избере 4 финалисти во првиот круг на селекција а во вториот круг ќе ги интервјуира со цел да се избере победникот.

Четрите финалисти ќе бидат објавени на 10 ноември 2017 год. а тие ќе ги претстават своите дела во рамки на групна изложба кон средината на април 2018 година во Скопје. Во рамки на изложбата ќе биде организиран и вториот круг на интервјуа на македонски и англиски јазик од страна на жири комисијата по што ќе биде прогласен и победникот на наградата.  

Финалистите ќе бидат избрани врз основа на заслугите од нивното портфолио, изложените дела на финалната изложба, според  претходните достигнувања и изложби и покажаниот потенцијал.

 

НАГРАДА ДЕНЕС: ДВОМЕСЕЧНА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО ЊУЈОРК

Сите трошоци на победникот за време на двомесечниот престој во Њујорк ќе му бидат покриени како трошоци за виза, здравствено осигурување, патни трошоци, сместување и дневници и дополнително, тој/ таа ќе има самостојна изложба во Скопје по враќањето од резиденцијата.

 

ИСТОРИЈАТ НА НАГРАДАТА

Во 1990 година Венди В. Луерс, основач и директорка на Фондацијата за отворено општество, заедно со прецедателот Вацлав Хавел и група на уметници дисиденти најпрво ја основале наградата „Јиндрих Чалупецки“ во Чехословачка за да оддаде признание на уметничката изврсност на младите визулени уметници, под 35 години, и за да им овозможи искуство на резиденцијален престој во САД. Програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA - http://www.yvaa.tumblr.com/) во текот на неколку години беше установена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација Trust from Mutual Understanding, a US foundation.

Денеска 10 европски земји се дел од оваа мрежа како: Чешка, Словачка, Хрватска, Косово, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Бугарија.

Во 2015 година организацијата Residency Unlimited (RU) беше ангажирана како организатор на ЈВАА програмата и како домаќин на резиденцијалната програма во Њујорк.

 

За Residency Unlimited

Residency Unlimited (RU) е посветена на презентација, продукција и промоција на современа уметност преку неколку активности во рамки на резиденцијалните и јавни програми. Лоцирани во Бруклин, RU функционира како еден вид на динамичен простор кој организира средби на уметници, куратори, уметнички професионалци, изложби, проекции и дискурзивни програми. Во соработка со институции, организации и индивидуалци во Њујорк, САД и интернационално, RU има иницирано и развиено различни форми на професионална поддршка за корисниците на резиденцијалната програма во последните неколку години.

residencyunlimited.org

 

За сите прашања можете да се обратите кај:

Ивана Васева

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

070 905 212

 

Или да ги консултирате веб страниците:

www.akto – fru.com

www.cac.org.mk