Contemporary Art Center

Конкурс за проекти во Мобилна Монтажна Галерија

Центарот за современи уметностиСкопје

во соработка со општина Центар

објавува

ПОВИК

 

Повикот се однесува до сите ликовни уметници, куратори, мултимедијални и изведувачки уметници

и уметнички групи кои работат во областа на современата уметност  да поднесат

предлог проекти за самостојни или групни изложби и работилници кои ќе се реализираат во Мобилна / Mонтажнагалерија од 20 Јуни до 31 Октомври 2017 год.

(лоцирана во Скопје – Парк на Франкофонијата)

Финасиски ќе бидат поддржани 4 проекти (до 20,000 ден.) и 2 работилници( до 10,000 ден).

Вкупен буџет за Повикот изнесува 100,000 ден.

 

 

Предложените проектни идеи треба да задоволуваат најмалку 2 (два) од следниве критериуми:

  • Да бидат иновативни (во својот концепт и изведба) и да водат кон препознавање на Мобилната / Монтажна галерија како точка за активирање и вклучување на граѓаните во културните настани.
  • Да овозможат градење на соработка, заеднички настап и заеднички акции помеѓу уметниците.
  • Да овозможат претставување на уметниците/уметничките групи  и нивните дела пред пошироката публика;
  • Да се креира автентична култура на изразување и живеење, културни производи кои произлегуваат од локалниот контекст;
  • Да создаваат стабилни врски на соработка помеѓу независната културна сцена и поширок круг на граѓани (потребни во креирање на културна публика).
  • Работилниците да бидат на тема поврзана со современата уметности или на теми поврзани со локалниот контекст на општина Центар.

 

Настаните  ќе бидат селектирани од страна на жири комисија на Центарот за современи уметности.

Финансиската конструкција на поединечен проект може да биде во износ максимален до 20,000.00 ден.

Доколку комисијата смета дека е потребно, а авторите прифаќаат, оние настани коишто нема да бидат финансиски поддржани можат да бидат просторно и логистичко/технички поддржани и имплементирани во Мобилната/Монтажна галерија.

Не постојат ограничувања во изборот на медиумот, или пак во старосната граница на повиканите.

Дополнителни информации и формулар за пријави можат да се добијат на веб страната на центарот www.cac.org.mk  или на следната адреса:

Центар за современи уметности - Скопје, Македонија

Бул. Гоце Делчев, ДТЦ Мавровка Ламела А 1/10, 1000 Скопје

тел/факс: 02 3 133 541

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Ве молиме пријавите да ги доставите по електронски пат на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. . Последен рок за испраќање на пријавите е 09 јуни 2017та.

Спроведувањето на програмата на Мобилна монтажна галерија во рамките на овој повик е овозможено со поддршка на Општина Центар.