Contemporary Art Center

Уметничко креативна урбана акција: „Среќна Нова Година Скопје“

29, 30 и 31 декември 2021

„Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна урбана акција, за граѓаните на Скопје која имаше за цел да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци.

Read more...

Драганчо Таневски „Едукативна меморија“, 19.11.2021

„Едукативна меморија“ е мултимедијална и интерактивна уметничка инсталација која е составена од фотографии, видео проекции, звук и рачно изработена хартија.

Read more...

Андреј Ѓеоргиевски - ИДЕНТИТЕТ

"Архитектот ја зaмислува театарската позадина, го пишува сценариото и ги насочува  одговорите", (Чуми).

Read more...

Маја Танева

Соочување / пандемско емоционално соочување

06.11.2021

Дали се враќаме во нормалност на живеењето?

Какво ќе биде тоа нормално секојдневие? 

Кои белези и промени ги остави ова искуство врз нас? 

Read more...

Локална иницијатива: Распеани дојранчанi, 2021

По долгогодишна односно повеќе децениска пауза локалниот музички ансамбл составен од хор и оркестар Распеани Дојранчани повторно е возобновен во рамките на локалната иницијатива: Возобновување на Распеани дојранчани. Овој состав кој во минатото бил надалеку познат по своите музички квалитети и негувањето на изворната и автентична музика од македонскиот југ полека но сигурно се враќа на културната сцена. 

Read more...

Локална иницијатива: Дијарама и уредување на просторот околу старата болница во с.Ростуше

Јули – Септември 2021

Старата болница во Ростуше иако е објект од исклучително значење, локален споменик на културата и објект со емотивна важност за локалното население долго време е оставен на забот на времето и се наоѓа во очајна состојба. Кровот е урнат пред 10-тина години а околината на болницата (дворот) беше целосно запуштен, зараснат и претворен во ѓубриште. Идејата на оваа иницијатива е да се уреди и расчисти просторот околу старата болница и овој дел да се направи достапен за посетители и да се врати во функција како јавен простор. Истовремено на самата болница ќе бидат поставени фотографии и објаснувања како функционирала и како изгледала старата болница некогаш. На просторот се поставени и две дијарами на кои над сегашната состојба се исцртани контурите и деталниот архитектонски облик на некогашната болница. Просторот ќе биде озеленет а ќе бидат поставени и клупи за одмор.

Read more...

Урбана инсталација „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА"

На 26 Август во Градскиот Парк во Стар Дојран беше поставена и промовирана спомен скулптурата/урбана инсталација „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА", која е изработена во знак на чест, почит и благодарност кон хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија.

Read more...

Локална иницијатива: Најстарите насади на Јужни култури во Валандово,

Документарно видео, 14,00 мин.

Идејата на ова документарно видео е да се забележи и да се сочува за наредните генерации сеќавањето за почетоците на одгледувањето на медитеранските и јужните овошни култури кои на просторите на поранешна Југославија и Македонија влегле токму преку Валандово. Всушност влезот на јужните култури во дваесетите години на минатиот век не само што ги отворил светогледите на жителите на овој крај туку значајно влијаел на севкупниот социоекономски и културолошки развој на поширокиот регион на Валандово.

Read more...

Урбана уметничка акција – Снешко порачува да ја носите маската над носот 29.12.2020

Носи ја маската правилно над носот е пораката на акцијата насловена „Снешко порачува“на групата Урбани уметнички акции.

„Со оваа акција сакаме да ги потсетиме граѓаните дека и покрај новогодишните празници епидемијата е во полн ек и секојдневно броиме стотици новозаболени и десетици мртви.

Read more...

9-ти декември меѓународен ден за борба против корупцијата.

За жал РС Македонија со години ја губи оваа битка и е една од најкорумпираните држави во Европа (минатата година од 44 држави во Европа, само две земји беа рангирани како покорумпирани од РС Македонија). Реномето за длабоко корумпирана земја го одржуваме со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво кое остана во државта.

Read more...

Локална иницијатива: Скулптурална интервенција во форма на зрно грав.

 

Ден на гравот претставува локална манифестација која е широко препознаена во Долни Полог, централните активности секогаш се одвиваат во с. Теарце. Оваа манифестација е иницирана пред 11 години во заедничка соработка на Центарот за современи уметности Скопје и Центарот за едукација и развој од Теарце кој редовно ја организира секоја есен.

Read more...