Contemporary Art Center

9-ти декември меѓународен ден за борба против корупцијата.

За жал РС Македонија со години ја губи оваа битка и е една од најкорумпираните држави во Европа (минатата година од 44 држави во Европа, само две земји беа рангирани како покорумпирани од РС Македонија). Реномето за длабоко корумпирана земја го одржуваме со години, а корупцијата секојдневно го нагризува и она малку здраво ткиво кое остана во државта.

Денешната акција ја посветуваме на сите оние кои заглавени во безизлезните лавиринти на нефункционалната администрација немале кому да се обратат за да завршат работа или да остварат некое свое право и на крајот подлегнале и се вклучиле во синџирот на митото и корупцијата иако биле свесни дека и самите прават кривично дело но немале друг излез.

Инспирацијата за оваа акција во која експлицитно споделивме десетина пораки потекнува од вистински приказни и ситуации во кои се нашле неколкумина наши сограѓани кои своите приказни ги споделија со нас, што значи дека цитатите се вистински а имињата се измислени.

Темите на судството, образованието, царината... се само случајно одбрани од многуте теми во нашето општество каде што царува корупцијата.