Маја Танева
Соочување / пандемско емоционално соочување
06.11.2021
Дали се враќаме во нормалност на живеењето?
Какво ќе биде тоа нормално секојдневие?
Кои белези и промени ги остави ова искуство врз нас?
Прашања кои авторот ги поставува и го насочува фокусот кон соочувањето на чувствата и емоциите со кои сме во постојана борба или хармонија, во зависност од мигот и секое емоционално искуство кое го преживеавме во пандемската неизвесност.
Во Пандемско емоционално соочување, како метафорнична инспирација на авторот се Вилинските коњчиња, најосетливите инсекти во природата кои се сметаат за индикатори на трансформација, победа, слобода и креативност.
Индустриските челични јажиња, како материјал кој е користен при моделирање и создавање на овие ѕидни инсталаци, во рацете на авторот се преточени во органски форми кои ги прикажуваат чувствата и емоциите како рефлексијата преку грубиот материјал и првиот инстинкт на творење. Современата линија како единка и група, нејзиното преточување од тонската индустрија кон тонското емоционално пресликување се водилка на ова емоционално претставување.
---------------------------------
Маја Танева, Скопје, Р.Македонија.
Образование: ● 2007-2009: Академија за ликовни уметности во Софија, отсек скулптура во класата на проф.Емил Мирчев. Стекнат научен степен: Магистар по скулптура;; ● 2010: Член на ДЛУМ. Самостојни изложби: ● 2008, Мај, Прилеп (Марко Цепенков) : “Состојби и мечти”; ● 2008, Јуни, Скопје (кафе галерија Интро): “Состојби и мечти”; ● 2013, Октомври,Скопје (Концепт37) : “22 Strings of Iron “ ● 2014, Март,Неготино (Музеј на град Неготино) “22 Strings of Iron “ ● 2014, Мај, Скопје (АРМ) Experimental Drawing, line third dimension. ● 2014,Јуни,Скопје (Галерија8) “B - Energy of Color” ● 2015,Декември, Скопје Flux Gallery - “Strings of Iron” ● 2018, Август, Струга, Хотел Дрим- изложба на Струшки вечери на поезијата ● 2020, Октомври, Скопје, Ли-Арт - “From Wax to Wire”. Групни Изложби ● 2016, Август, Карпошово културно лето - Арт хепенинг ● 2018, Октомври, Скопје, Че-кафе- “ wall part Strings of Iron” ● 2019, Август, Куманово, Центар за култура- Скулптура на новото Време ● 2021,Јануари, Поместени граници- online изложба ● 2021, Февруари, ДЛУМ - современа скулптура
Награди: ● 2013: прва награда доделена од ДЛУМ на “Експериментален цртеж”
Контакт: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. https://www.majataneva.com/
Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура на РС Македонија