Урбана акција: Ако на овој мраз му требаат 6 часа да се истопи, колку време ќе им треба на глечерите да се стопат?
11.08.2021
Урбната акција е посветена на битките со глобалното затоплување и климатските промени.
Идејата на оваа акција е на едноставен начин на граѓаните да им се покаже колку брзо се топи мразот на високите температури и да ги потсетиме дека еднакво како што мразот се топи на врелиот скопски асфалт истото се случува и со поларните глечери за кои се проценува дека доколку не се превземат драстични мерки целосно ќе се стопат до крајот на овој век, а нивото на морето ќе се крене за 2 м.
Локална иницијатива: Распеани дојранчанi, 2021
По долгогодишна односно повеќе децениска пауза локалниот музички ансамбл составен од хор и оркестар Распеани Дојранчани повторно е возобновен во рамките на локалната иницијатива: Возобновување на Распеани дојранчани. Овој состав кој во минатото бил надалеку познат по своите музички квалитети и негувањето на изворната и автентична музика од македонскиот југ полека но сигурно се враќа на културната сцена.
Локална иницијатива: Дијарама и уредување на просторот околу старата болница во с.Ростуше
Јули – Септември 2021
Старата болница во Ростуше иако е објект од исклучително значење, локален споменик на културата и објект со емотивна важност за локалното население долго време е оставен на забот на времето и се наоѓа во очајна состојба. Кровот е урнат пред 10-тина години а околината на болницата (дворот) беше целосно запуштен, зараснат и претворен во ѓубриште. Идејата на оваа иницијатива е да се уреди и расчисти просторот околу старата болница и овој дел да се направи достапен за посетители и да се врати во функција како јавен простор. Истовремено на самата болница ќе бидат поставени фотографии и објаснувања како функционирала и како изгледала старата болница некогаш. На просторот се поставени и две дијарами на кои над сегашната состојба се исцртани контурите и деталниот архитектонски облик на некогашната болница. Просторот ќе биде озеленет а ќе бидат поставени и клупи за одмор.
Урбана инсталација „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА"
На 26 Август во Градскиот Парк во Стар Дојран беше поставена и промовирана спомен скулптурата/урбана инсталација „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА", која е изработена во знак на чест, почит и благодарност кон хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во Македонија.
Локална иницијатива: Најстарите насади на Јужни култури во Валандово,
Документарно видео, 14,00 мин.
Идејата на ова документарно видео е да се забележи и да се сочува за наредните генерации сеќавањето за почетоците на одгледувањето на медитеранските и јужните овошни култури кои на просторите на поранешна Југославија и Македонија влегле токму преку Валандово. Всушност влезот на јужните култури во дваесетите години на минатиот век не само што ги отворил светогледите на жителите на овој крај туку значајно влијаел на севкупниот социоекономски и културолошки развој на поширокиот регион на Валандово.
Климатска Клацкалка
16.07.2021
Kлиматските промени се почесто ги чуствуваме на сопствената кожа, веќе не е прашање дали ќе се случат туку какво ќе биде нивното влијание и во колкава мера ќе ја погодат планетата Земја и каква ќе биде состојбата во Македонија.
Локална Иницијатива Партизански споменик – Споменик на паднатите борци , Виница
Во изминатиот период Центарот за соверемени уметности Скопје во соработка со Извидничкиот одред Армонија од Виница и локалниот Младински велосипедски клуб од Виница зеднички работеа на уредување и рехабилитацијата на просторот на спомен облежје на загинатите партизани во месноста Вршидол, во близина на Виница на ограноците на планината Плачковица.